Мартинез го потврди најцрното сценарио за Азар

Дерби

24/02/2020

16:34

1.710

Големина на фонт

а а а

Еден Азар само што се врати на терените доживеа нова повреда и тоа на лигашкиот меч против Леванте кој Реал Мадрид го загуби со 1-0.

„Кралевите“ во своето соопштение нагласија дека офанзивецот заработил пукнатина на фибулата, но притоа не дадоа временски рок за тоа за тоа кога ќе може да се врати на терените. Медиумите информации дека сигурно ќе бидат два, три месеци за да сега белгискиот селектор, Роберто Мартинез открие оти актуелнава сезона е завршена за Азар.

-Ние сме многу тажни, затоа што оваа повреда ќе го остави без акција најмалку три месеци. Фудбалер како Еден е секогаш треба да биде на теренот. Имаме одлична комуникација со медицинскиот персонал на Реал Мадрид и ние сме загрижени за Еден. Голема штета, затоа што се случи пред важен меч со Манчестер Сити, -истакнал Мартинез.

Крилниот напаѓач во актуелнава сезона која е прва за него во Реал настапи на само 15 натпревари во сите конкуренции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг