Тухел за црвениот картон на Нејмар: Тоа беше човечка реакција…

Дерби

24/02/2020

16:34

1.606

Големина на фонт

а а а

Екипата на Пари Сен Жермен славеше над Бордо со 4-3 во француксиот шампионат, средба која домаќините ја доиграа со 10 играчи откако во самиот финиш поцрвене Нејмар.

Бразилецот беше невнимателен и доби втор жолт картон за стартот над Адли, па во најмала рака ќе мора да го пропушти следниот меч против Дижон. Дел од медиумите, навивачите, фановите го обвинија Нејмар дека намерно заработил црвен картон за да може да присуствува на карневалот во Рио Де Жанеиро.

Сепак во оване верува тренерот Томас Тухел кој смета дека реакцијата на напаѓачот била резултат на тоа што се случувало на теренот.

-Мораме да разговараме за целата ситуација. Беше нервозен и реагираше. Тој е човек. Не треба тоа да го прави, ама е човек. Играчот на Бордо не доби ниту жолв картон, -порача Германецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг