Ситуацијата во Италија сè посериозна: Коронавирусот ја зеде и седмата жртва, а Европа стравува...

Точка

24/02/2020

16:30

6.084

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата во Италија нагло се влошува, а тамошните власти соопштија дека смртоносниот коронавирус ја однесе и седмата жртва.

Факти:

- седум луѓе во Италија починаа од коронавирусот;
- во последните 24 часа во Италија починаа 4-ца луѓе; 
- заболени се над 220 луѓе; 
- северот на земјата е блокиран, а 11 градови се ставени во изолација; 
- во светот од коронавирусот настрадаа над 2.600 луѓе; 
- заразени се речиси 80.000 луѓе; 
- утврдено е дека пациентите кои се излечени од коронавирусот и понатаму се носители на истиот. 

Во Италија уште една личност почина од коронавирусот со што бројот на жртвите порасна на седум. Починатите од коронавирусот во Италија претежно се постари лица кои и претходно имале посериозни здравствени проблеми, меѓу кои има 88-годишен маж и 84-годишен маж.


Европа е во страв поради најновите случувања во Италија

Премиерот Џузепе Конте ја поминал целата седица во седиштето на Цивилната заштита. Изјавил дека е изненаден од експазијата на ширењето на заразата.

Бројката на заразени во Италија од коронавирусот е над 220.

„Не треба да се паничи, но треба да се следат упатствата од властите“ - изјавил Конте.


Чувајте ги повозрасните луѓе

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала денес повикал на почитување на реструктивните одлуки на властите поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Сала советувал да не се опседнуваат маркетите поради залихи туку граѓаните да се посветат на грижа на повозрасните лица затоа што тие се изложени на најголем ризик. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг