Супер-мајката која го чека 22-то дете откри дека семејството не може да се договори околу неговото име!

Кармин

24/02/2020

15:32

3.296

Големина на фонт

а а а

Најголемото британско семејство нетрпеливо го чека новиот член. Нивното 22-ро дете ќе се роди за шест недели.

44-годишната Суе Радфорд објавила фотографија од 32-та недела од бременоста.

„Оваа бременост 'лета', не можам да поверувам дека сум шест недели пред крајот. Сè уште не избравме име“, напишала Суе која позирала бочно за да го покаже трудничкиот стомак.

Стотина луѓе веднаш почнале да ѝ даваат идеи за да ѝ помогнат. Се нанижале женски имиња со оглед на тоа дека Радфорд чека девојче.

„Името треба да заврши на “ие“, за да одговара со останатите ќерки. Мене ми се допаѓа Дарцие и Елсие“, напишала една.

„Сите имиња на девојчињата завршуваат со буквите “ие“, па размисли за Грацие, Садие, Елсие, Авеире, Евие и Сузие“, додала друга.

„Изгледаш одлично, а името ќе ти дојде кога најмалку ќе очекуваш“, ѝ порачала трета.

Суе признала дека веќе има договорен термин за идното породување, а со 48-годишниот сопруг Ноел имаат деца на возраст од 1 до 30 години.

Тоа се: Крис (30), Софи (25), Клои (23), Џек (22), Даниел (20), Лука (18), Милие (17), Катие (16), Џејмс (15), Елие (14), Аиме (13), Џош (12), Макс (11), Тилие (9), Оскар (7), Каспер (6), Халие (3), Фоб (2), Арчи (20 месеци) и Бони (12 месеци).


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk