Нејмар и шеста година по ред ќе оди на карневалот во Рио: Намерен црвен картон или случајност?

Дерби

24/02/2020

12:52

1.697

Големина на фонт

а а а

Бразилската супер ѕвезда од редовите на ПСЖ, Нејмар, и шеста година по ред ќе присуствува на карневалот во Рио Де Жанеиро.

Медиумите во Франција во петокот објавија дека Нејмар конечно, по пет години апстиненција од своите клубови овој период, за прв пат ќе остане во тимот и нема да патува во Бразил на популарниот карневал, меѓутоа се чини дека се излажаа.

Бразилецот на вчерашниот натпревар со Бордо доби црвен картон, кој монгумина го окарактеризираа како намерен, па следниот период нема да има можност да игра во францускиот клуб, со што му се отвора можноста повторно да оди во Рио.

Во претходните пет години, Нејмар два пати поради суспензија не можеше да игра, па беше во Рио, додека три пати не беше во тимот на Барселона поради повреда, па си имаше можност да го посети Рио. Ситуацијата и годинава не се промени…



Спонзорирани линкови

Маркетинг