Неверојатни снимки од Турција: По поразот на Фенер од Галата, не можеше да се смири па ја удираше главата од столчињата на стадионот

Дерби

24/02/2020

11:54

1.439

Големина на фонт

а а а

Фенербахче и Галатасарај се тимовите кои со години наназад развиваат едно ривалство кое е меѓу најголемите во светот.

Токму затоа пораз на некој од тимовите во вавко натпревар тешко се поднесува на трибините.

Така беше и вчера кога Галатасарај однесе гостинска победа од „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул. Галата славеше со 3:1 со погодоците на Фалкао, Донк и Онјеруку, а ова беше прва гостинска победа во една ваква дерб пресметка по цели 20 години.

Поразот на Фенербахче тешко му падна на еден од фановите на клубот кој беше на трибините. Навивачот беше снимен како удира во столчињата на стадионот по последниот судиски свиреж. Видео снимката од овој момент брзо стана вирална на социјалните мрежи, а колку и да изгледа комична, многумина сочувствуваат со навивачот кој желно посакуваше победа за својот тим…



Спонзорирани линкови

Маркетинг