Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да спречи избивање на коронавирусот, пренесоа државните медиуми.
Претходно земјата го стопира железничкиот сообраќај од и кон Кина и Русија, пренесе агенцијата „Кјодо“.
Севернокорејските медиуми не открија повеќе детали за странците кои се наоѓаат во карантин, но се претпоставува оти се работи за странски дипломати од Пјонгјанг и оние кои во земјата дошле поради некоја работа.
Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема заболени од коронавирус, но на почетокот на месецот воведен беше едномесечен карантин.