Што се можеш кога татко ти е претседател: На синот на Трамп му е дозволено да застрела гризли на Алјаска

Точка

24/02/2020

09:41

1.804

Големина на фонт

а а а

На Доналд Трамп Џуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, му е дозволено да лови гризли мечки на северозападот на Алјаска, соопштиле локалните власти.

Тој е еден од трите лица кои барале дозвола за лов на овие големи и опасни животни. 

"Добиваме илјадници пријави за лов на гризли мечки, но се издаваат само 27 дозволи. Кој ќе ја добие дозволата е чиста случајност. Меѓутоа, сега за 27 дозволи се пријавија само три лица", рекол Еди Грејсер, директор на Одделението за риба и дивеч на Алјаска.

Трамп Џуниор мора да плати 1.160 долари за дозволи и даноци, па ќе има право да убива гризли мечки. Тој често оди на лов, па објавува фотографии од своите експедиции на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг