Трагедија во Романовце: Три деца загинаа во експлозија на плинска боца

Точка

23/02/2020

13:24

7.399

Големина на фонт

а а а

Експлозија денес го потресе кумановското село Романовце - три деца загинаа откако во семејна куќа експлодираше плинска боца и предизвика пожар.

Според информациите на МВР, три деца починале на лице место како последица на експлозијата, додека шест лица завршиле со тешки телесни повреди. Дел од нив веднаш биле пренесени во клиниките во Скопје поради тежината на повредите.


Несреќата се случила околу 10 часот во дневната соба на куќата каде што во моментот биле повеќе членови на семејството. Според последните информации, загинатите деца биле на возраст од осум, девет и единаесет години.


Како што дознава „Алсат“, од четворицата пациенти кои биле пренесени во Скопје, две лица се со тешки телесни повреди и се борат за живот. Двете лица биле со изгореници на 90% од нивните тела, а едно од лицата било приклучено на апарати за дишење.


Моментално полициски екипи го обезбедуваат теренот и вршат увид, а на терен пристигна и јавен обвинител.



Спонзорирани линкови

Маркетинг