Охрабрените Сиријци се заканија дека ќе ги срушат сите непријателски авиони, Путин го „оладил“ Ердоган

Точка

23/02/2020

11:34

7.520

Големина на фонт

а а а

Сириската против-воздушна одбрана добила наредба да ги собори сите летечки објекти кои ќе влезат во воздушниот простор на Сирија, објавија од воената команда на сириската армија.

Ова значи дека сириската против-воздушна одбрана ќе ги нападне и турските воени авиони кои често навлегуваат во сирискиот воздушен простор на североистокот на земјата.

„Сите авиони кои ќе влезат во воздушниот простор на Сирија ќе бидат означени како непријателски мети. Сите летала ќе бидат уништени во моментот кога ќе влезат во воздушниот простор на нашата земја“, стои во соопштението на воената команда на сириската армија.


Од таму порачаа дека од денес било какво нарушување на воздушниот простор на Сирија ќе се смета за агресија против Сирија. Секако, со оглед на тоа што досега најмногу оперираа израелските и турските авиони во оваа земја, а сириската против-воздушна одбрана ги напаѓаше израелските авиони, јасно е дека ова е порака до Турција и авионите на турското воено-воздухопловство.

Сириската армија значително се охрабри во изминатите неколку месеци откако Русија им пружи поддршка во операциите во североисточната провинција Идлиб каде се конфронтираше дури директно со турската армија.


Да потсетиме, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во петокот телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин при што истакнал дека е неопходно да престанат воените операции на сириската армија во провинцијата Идлиб.

Сепак, Путин му одговорил дека најмногу е загрижен од агресивните постапки на екстремистичките групации во Идлиб, кои се поддржани директно од Анкара. Со оглед на тоа што претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров јавно порача дека Русија стои зад сириската армија, јасно е дека Ердоган не го доби посакуваниот одговор од Москва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг