Лоши вести од Кина: Периодот на инкубација на коронавирусот може да трае и повеќе од 14 дена!

Точка

22/02/2020

16:51

9.146

Големина на фонт

а а а

Периодот на инкубација на коронавирусот би можел да биде и подолг од 14 дена, соопштија кинеските власти денес откако било утврдено дека кај 70-годишен маж од провинцијата Хубеи кој бил заразен со вирусот, првите симптоми се појавиле после 27 дена.

Периодот на долгата инкубација би можел значително да ги искомплицира напорите да се сузбие епидемијата од која во Кина досега починаа над 2 илјади луѓе.

Заболениот маж на 24-ти јануари бил во контакт со својата сестра која исто така била заразена, а дури на 20-ти февруари добил температура. Ден подоцна тој бил позитивен на коронавирусот, соопштија властите од кинеската провинција Хубеи, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.


Освен тоа, кинеските научници утврдиле врз основа на испитувањата на брисеви од нос и грло кај 18 пациенти со коронавирусот, дека вирусот се однесува како грип, а помалку како вирусите со кои е најтесно поврзан. Тоа укажува дека коронавирусот може да се шири полесно од првичните проценки. Еден од пациентите никогаш не почувствувал симптоми на болеста, иако имал умерено присуство на вирусот во носот и грлото.

За разлика од САРС, вирус кој предизвикува инфекции длабоко во долниот дел од респираторниот тракт и може да доведе до воспаление на белите дробови, коронавирусот се чини дека „престојува“ во горниот и долниот дел од трактот поради што може да предизвика не само потешко воспаление на белите дробови, туку и да се шири лесно како грип и настинка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг