Кејти Пери имала непријатност насред снимање на „Американски идол“.
Пејачката почувствувала гас, а потоа толку ѝ се слошило, што ја заболела и главата. Сè што успеала да изговори пред да се онесвести било: „Не се чувствувам добро.“
Имено, за време на аудицијата која се одржувала, пејачката се пожалила:
„Дали чувствувате гас? Прилично е интензивен“ пренесуваат странските медиуми, а потоа почнало да ѝ се врти.
„Имам силна главоболка. Лошо е, многу е лошо“, продолжила таа.
Брзата помош брзо реагирала, но деталите од нејзината здравстевена состојба и понатаму не се знаат.