Комичарот Кевин Фрешватр објавил видео на кое за само неколку секунди собрал милиони прегледи.
Кевин барал од минувачите на улиците во Лондон да ја продолжат песната која тој ја почнал, а кога замолил една жена да ја доврши песната Shallow, од филмот Ѕвездата е родена, останал без зборови.
„Воодушевен сум, останав без текст. Драго ми е што имам ваква платформа каде што можам да го покажам овој неверојатен талент“, рекол Кевин.
“Одлична е“, „Прекрасен глас“, „Која е оваа русокоса“, се само некои од коментарите под објавеното видео.
Видеото преку ноќ стана хит, па набрзо се дозна дека жената од видеото е Шарлот Евбери и дека таа е професионална пејачка, а за кратко време си заработи 100.000 нови обожаватели на Инстаграм.
Видеото е објавено на Твитер профилот „Lady Gaga News“, каде што има речиси 20 милиони прегледи.