Електричниот ѕвер пристигна во Македонија: Porsche го „отпакува“ новиот Taycan во Скопје!

Точка

22/02/2020

10:01

4.657

Големина на фонт

а а а

Наскоро некој среќник од нашата држава ќе може да седне зад воланот на првиот електричен автомобил на германски Porsche.

Откако пред неколку месеци Porsche го претстави Taycan, електричниот автомобил на Германците конечно пристигна и во „Порше Македонија“, каде што поради својата популарност, не веруваме дека ќе се задржи долго.

Иако не добивме подетални информации околу цената конкретниот „скопски“ модел на Taycan Turbo (цената во зависност од пазарот и моделот варира од 150 до 185 илјади долари), ние успеавме да „ѕирнеме“ како изгледа електричното „ремек дело“ кое неодамна го импресионираше шефот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

За време на претставувањето на овој автомобил, извршниот директор на компанијата за Северна Америка, Клаус Зелмер, истакна дека Taycan е најамбициозниот и најнапреден Porsche кој компанијата го произвела досега.

Станува збор за автомобил кој нуди брутални перформанси - Од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,8 секунди, а максималната брзина изнесува 260 километри на час. За силата се задолжени два електромотори кои произведуваат 616 коњски сили, но во "launch control" силата се зголемува на 670 коњски сили, односно 750 коњски сили за моделот Turbo S.

Не пропуштајте: Официјално е претставен првиот електричен Porsche: Taycan е спортски ѕвер.

Кога станува збор за батериите на Taycan, со едно полнење според WLTP стандардот, автомобилот може да помине дури 450 километри, па новиот сопственик не би требало да има проблеми во нашата мала држава која се уште има скромна мрежа на полначи за електрични автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг