Берни Сандерс фаворит во Невада: Бајден и милијардерот Блумберг неславно поминаа на дебатата

Точка

21/02/2020

16:52

1.149

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг се најде на мета на критики по неговата прва дебата во Невада поради расистичките коментари, но и користењето на огромното богатство во кампањата.

Поранешниот градоначалник на Њујорк изгледаше неубедливо додека тврдеше дека има најголеми шанси да го победи Доналд Трамп на претседателските избори кои ќе се одржуваат кон крајот на оваа година.

Во дебатата учествуваа Берни Сандерс, Елизабет Ворен, Ејми Клобучар, Џо Бајден и Пит Батиџиџ кои сите го критикуваа Блумберг кој го користи своето огромно богатство за да стигне до Белата куќа.

„Се натпреваруваме со милијардер кој ги нарекува жените дебели парчиња и лезбејките – коњски лица. И не, не говорам за Доналд Трамп, туку за градоначалникот Блумберг. Самиот Блумберг рече дека своите пари ги користи за важна работа“, изјави Елизабет Ворен.

„Ги трошам своите пари за да се справам со Доналд Трамп – најлошиот претседател кој некогаш сме го имале. И ако можам тоа да го направам, тоа ќе биде голем придонес за Америка и моите деца“, одговори Блумберг.

Пред претстојните избори во Невада фаворит е Берни Сандерс, а според аналитичарите, еден од главните кандидати кај Демократите, Џо Бајден мора итно нешто да промени во неговата кампања.

Сепак, Демократите не сакаат да прогнозираат ништо, посебно откако разликата помеѓу водечките кандидати во првите две држави беше многу тесна.

„Обично комбинацијата на досегашните изборни резултати и разбирањето на локалната динамика се добар показател како ќе се одвиваат работите. Но, оваа трка е навистина неизвесна. Некои одат во нагорен, а некои во надолен тренд“, изјави Марк Мелман, искусен експерт за испитување на јавното мислење во Невада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг