Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Макфакс

21/02/2020

16:49

1.228

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да значи дека ќе коалицира со победникот од албанскиот блок, откако оваа пракса – „победник со победник“, беше прекршена од страна на ДУИ на претходните парламентарни избори.

„Знаете животот не е игра и во животот има принципи кои што ако еднаш се скршат, тогаш тие веќе не се принципи. И во име на тоа јас можам да ви кажам дека политиките кои што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен, во едно телевизиско интервју кажавме дека идната коалиција ќе биде на база програма со програма и тој принцип не го менуваме“, рече Мицкоски запрашан за коментар по изјава на Бујар Османи дека за нив е важно победниците да коалицираат.

Во однос на тоа дали ако победат размислуваат за коалиција со Алијанса и Алтернатива, Мицкоски одговори дека размислуваат да освојат 61 пратеник на 12 Април.

„Според нашите анализи ние сме многу блиску до таа бројка, а веднаш по завршување на изборите, тогаш разговори со сите политички чинители во државата се возможни, вклучително и со оваа коалиција која што вие ја споменавте, тоа е коалицијата помеѓу Алијансата на Албанците и политичката партија Алтернатива“, рече Мицкоски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ коалиција ќе биде можна со секој чијашто политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО ДПМНЕ.

„Ако вие во еден оркестар свирите на различни ноти тогаш логично е дека оркестарот нема да биде допадлив за ушите на слушателите. Затоа велам ако тие програми без разлика на која политичка партија се допрат со програмите кои што се на ВМРО-ДПМНЕ и обратно, тоа не треба тоа да биде еднонасочна улица. Сите политички партии доаѓаат во предвид вклучително и политичката партија ДУИ“, одговори Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг