Салах со два збора го предупреди Атлетико и го најави реваншот во Англија

Дерби

21/02/2020

16:21

1.822

Големина на фонт

а а а

Ливерпул со неповолни 1:0 загуби на гостувањето во шпанската престолнина против Атлетико Мадрид, ситуација која секако не ја посакуваа играчите на англискиот тим, но која од друга страна пак не е непозната за нив ако се знае од каков резултат се вратија минатата сезона по дуелот со Барса на „Камп Ноу“.

Јирген Клоп и ѕвездите на лидерот во англиската Премиер лигата сметаат дека „Енфилд Роуд“ може да биде голем фактор на реванш дуелот во осминафиналето на Лигата на шампионите, а откако тоа го нагласи со своите изјави веднаш по поразот од Атлетико на „Ванда“, сега се јави и Мохамед Салах со кратка порака од два збора.

– Енфилд чека…., – гласи пораката на Салах кој верува дека навивачите на Ливерпул ќе уживаат во уште една магична и незаборавна ноќ со пресврт на феноменалното фудбалско здание…



Спонзорирани линкови

Маркетинг