Стерлинг му се нуди на Реал Мадрид: Тоа е фантастичен клуб, во Шпанија времето е убаво…

Дерби

21/02/2020

16:20

1.045

Големина на фонт

а а а

Во осминафиналето од Лигата на шампионите, дефинитивно најголем интерес ќе привлече дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Кралевите“ веќе подолг период ги следат настапите на фудбалерот на Сити, Рахим Стерлинг кој сега имаше пригода да зборува за неговиот следен противник во најелитното европско натпреварување.

Англичанецот не штедеше комплименти за Реал Мадрид, притоа додавајќи дека е среќен во Манчестер Сити. Меѓутоа, многумина во неговата изјава проценија дека тој остава простор за можен трансфер во клубот во летниот преоден рок.

– Реал Мадрид е фантастичен клубо. Кога ќе го видите тој бел дрес, знаете веднаш за што се бори клубот, тоа е неверојатно. Во исто време, јас имам договор со Сити и мора да го почитувам тоа, но ќе повторам, Реал е фантастичен клуб. За интересот на Реал гледам постојано, но јас сум играч на Манчестре Сити и уживам во овој момент, иако не оди се според планот во домашното првенство. Сега имаме голема можност во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да ја искористиме. Продолжувам да кажувам дека Реал е фантастичен клуб, времето во Шпанија е убаво, но во исто време ќе продолжамда кажувам дека сум среќен во Сити, - изјави Стерлинг за „АС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг