Гатузо повторно ќе му даде шанса на Елмас, но сега нашиот репрезентативец ќе игра на позицијата…

Дерби

21/02/2020

15:58

1.367

Големина на фонт

а а а

Дел од италијанските медиуми јавуваат дека Елиф Елмас ќе биде стартер на вечерашниот натпревар во кој Наполи му гостува на тимот на Бреша.

Нашиот репрезентативец ги освои симпатиите со своите два последни настапи против Интер и Каљари каде играше на левата крилна позиција.

Сега, нападот на Наполи ќе го сочинуваат Мертенс, Политано и Инсиње, што значи дека таму ќе нема место за Елмас. „Кориере дело Спорт“ пишува дека Елмас на овој натпревар ќе игра на неговата природна позиција и ќе го замени полскиот интернационалец Пјотор Зјелински кој ќе почне од клупата за резервни фудбалери.

Формацијата на Наполи за вечерашниот натпревар со Бреша според „Кориере дело Спорт“ ќе изгледа вака: (4-3-3) Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Максимовиќ, Марио Руи, Фабиан Руиз, Деме, Елмас, Политано, Мертенс, Инсиње

„Газета дело Спорт“ пак спротивно од „Кориере“ пишува дека Елмас ќе остане на клупата за резервни фудбалери и дека Зиелински ќе игра во првиот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг