"Заработувате од нејзината смрт": Холограмот на Витни Хјустон тргнува на турнеја

Точка

21/02/2020

16:11

2.097

Големина на фонт

а а а

Најавена е минатата година, а оваа година и официјално почнува со реализација.

Холограмската турнеја на покојната пејачка Витни Хјустон, која е најавена минатата минатата година, предизвикала бурна реакција и негодување кај нејзините фанови. 

Ништо не е поразлично ни денес, кога е објавено дека Холограмската турнеја на Витни ќе почне на 25-ти февруари, пишува CNN.

"Вечер со Витни: Холограмска турнеја на Витни Хјустон" ќе зпаочне на 25-ти февруари во Обединетото Кралство, а снимките кои се појавиле на британските телевизии, предизвикале бурни реакции кај нејзините фанови кои во најмала рака сметаат дека ова е непочитување кон пејачката.

"Ова е страшно и омаловажувачко", "Зошто заработувате од нејзината смрт?", "Воопшто не личи на Витни", "Не изгледа како неа, ниту изгледа реално", се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Витни Хјустон, која умрела во 2012-та година на 48 години, е последната ѕвезда која ќе добие холограмски третман. Пред неа холограми биле правени за Тупак и Рој Орбинсон.

Иако фановите негодуваат, менаџерката на покојната пејачка, Пет Хјустон, изјавила дека Витни би го сакала овој холограмски концерт.

##https://twitter.com/ChimGAT/status/1214685941442531332?s=20##

"Витни се гордееше со своето семејство, а тоа ги вклучуваше и нејзините фанови. Ја обожуваше својата публика и затоа знаеме дека ќе го сакаше и овој холограмски концерт", изјавила Пет.

"Настанот од ова ниво е нешто посебно, а "Base Hologram" ќе биде задолжен за него и ќе се погрижи за тоа се да биде автентично. Овој настан ќе и овозможи на публиката уште долго да ужива во неверојатниот глас на Витни и страста кон музиката и ќе помогне да им се подели таа магија на идните генерации", рекла Пет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг