Црногорец заразен со коронавирус: Бил член на екипажот на крузерот кој беше во карантин во Јапонија

Точка

21/02/2020

15:38

1.212

Големина на фонт

а а а

Црногорски државјанин, член на екипажот на крузерот „Diamond princess“, е заразен со коронавирус, покажале тестовите.

Тој денеска нема да може да биде пренесен со италијанскиот специјален лет со кој во 14 часот бил евакуиран српски државјанин - член на екипажот, бидејќи неговите резултати од тестот за коронавирус биле позитивни, соопштува српското Министерство за надворешни работи.


На бродот имало 14 српски државјани, од кои 12 членови на екипажот.

Амбасатата на Србија во Токио, во соработка со компанијата „Princes Cruises“, ги разгледува сите можности за и останатите државјани на Србија - членови на екипажот, чии резултати од тестирањето ќе бидат негативни, што поскоро да го напуштат бродот.

Денеска на бродот „Diamon princess“, ќе се симнат и последните патници, чии тестови за коронавирусот се негативни, бидејќи е завршен карантинот кој траеше од 3-ти февруари.


На бродот во кој имало 3700 патници, кои биле во карантин во Јакохама, Јапонија, бил забележан најголем број случаеви заболени од коронавирусот надвор од Кина, а во четвртокот навечер таа бројка се искачила на 634.

Двајца патници починале од коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг