Најскапиот SUV на светот не е ни Rolls Royce, ни Lamborghini

Точка

21/02/2020

15:26

3.899

Големина на фонт

а а а

Стартната цена на SUV модел Karlmann King изнесува 1,8 милиони долари, а во зависност од желбата на купувачите, може да достигне и 3,8 милиони.

За оние кои сакаат ексклузивен и суперлуксузен SUV и на кои не им е проблем да издвојат повеќемилионска сума за купување на автомобил, решението би можело да биде Karlmann King. Ако сте мислеле дека SUV возилата како Rolls Royce Cullinan или Lamborghini Urus се многу скапи, што да се каже тогаш за овој модел, чија почетна цена изнесува речиси 2 милиони долари? 

Обликуван како оклопно стелт возило, Karlmann King како механичка основа користи шасија од камионет Ford F-550. Дизајнот на надворешната го потпишува Италијанецот Лучиано Д'Амбросио, кој за возачката страна на возилото предвидел само една врата, додека патниците на задните седишта можат да влезат само од десната страна на возилото.

Луксузниот ентериер со бројни погодности, како што се апарат за кафе или фрижидер за шампањ, потсетува на внатрешноста на некој Rolls Royce автомобил, посебно кога станува збор за "ѕвезденото небо" и кровот со бројни LED сијалици.

За погон е употребен 6.8-литарскиот V10 со 400 коњски сили на Ford, соединет со 6-брзински автоматски менувач. Максималната брзина изнесува 220 km/h, а ако одберете блиндирана опција тешка речиси 6 тони, возилото не може да се движи побрзо од 140 km/h.




Спонзорирани линкови

Маркетинг