Славниот Џокер ја спасил кравата Фридом и нејзиното теле од кланица во Калифорнија

Точка

21/02/2020

14:40

2.651

Големина на фонт

а а а

Хоакин Феникс ден по 92-то Доделување на Оскарите спасил една крава и нејзиното теле од кланица во Лос Анџелес.

Оскаровецот Хоакин Феникс не чекал долго по говорот кој го одржал на доделувањата на Оскарите за проблемот со кравите и нивните бебиња, и веќе следниот ден отишол во една кланица во Калифорнија. 

Славниот "Џокер" посетил една кланица во Лос Анџелес само еден ден откако освоил Оскар за најдобар актер и притоа зборувал со сопственикот на кланицата Ентони Ди Марија, па направил нешто невидено и за секоја пофалба.

Актерот помогнал кравата и нејзиното теле да се спасат сигурна смрт.

Хоакин бил виден како го носи телето од местото каде се родило до приколката каде се наоѓала неговата мајка. Овие животни сега среќно ќе живеат на фарма во северниот дел на Лос Анџелес. А сега имаат и имиња.

Феникс на кравата и го дал името Фридом, а на телето името Индиго.

Никогаш не сум мислел дека ќе пронајдам пријател во кланица, но откако го запознав Ентони, сфатив дека имаме повеќе заеднички работи отколку разлики. Без неговиот гест, Фридом и нејзиното теле Индиго ќе дочекаа страшна смрт, рекол Феникс тој ден.

Додал и дека тој и другите активисти кои им помагаат на животните ќе продолжат да се борат за слободата на сите животни кои патат во овие страшни системи, но е среќен поради оваа победа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг