Музичарот наеднаш исчезнал од социјалните мрежи: Фановите го преплавиле интернетот со прашања

Точка

21/02/2020

12:24

2.609

Големина на фонт

а а а

Познатиот музичар едноставно исчезнал од сите социјални мрежи, што многу фанови оставило во чудо.

Раперот Стормзи ги избришал своите профили на Инстаграм и Твитер, кратко откако објавил дека ја добил првата "Грегс црна картичка". 

Оваа картичка му дозволува доживотна храна во ланецот ресторани "Грегс".

Фановите биле шокирани, па по социјалните мрежи имало многу објави во кои прашуваат каде е Стормзи и што се случило со него.

Стормзи, инаку, веќе долго време е во таканаречена "Твитер војна" со уште еден британски рапер, Вајлијем.

Меѓутоа, иако Вајли го повикал да ги "расчистат сметките" на бина, Стормзи во неколку последни твитови одвај посветил по некој збор за Вајли, па веројатно се заморил од препукување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг