Пејачката проговорела за предозирањето: “Живеев во лага дека сум среќна”

Кармин

21/02/2020

11:40

5.460

Големина на фонт

а а а

Пејачката Деми Ловато, гостувајќи во подкастот на Ешли Греам – “Pretty Big Deal” рекла дека нарушувањето во исхраната било една од причините кои ја довеле до предозирање со дрога во јули 2018 година.

“Уморна сум од строгото вежбање и екстремните диети. Мислев дека во последните години закрепнував од нарушувањето во исхраната, но всушност тонев сè подлабоко. Симптомите не беа толку очигледни како претходно, но дефинитивно тоа беше нарушување во исхраната. Мислам, кога имате одредени луѓе околу вас кои ви кажуваат како треба да изгледате, тоа дополнително ја отежнува ситуацијата”, рекла Деми за “People”. 

Ловато во јули 2018 година се предозира од хероин, по што беше итно префрлена во болница каде остана кратко време пред да замине на рехабилитација.

“Искрено мислам дека тоа е токму она што доведе до сè што се случи минатата година. Во моментот кога помислив дека сум излекувана, а всушност не бев, живеев во лага и се обидував да го убедам светот дека сум среќна кога во реалноста не бев”.

“Наскоро ќе издадам нов албум, а потоа ќе се посветам на менталното здравје”, рекла Деми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk