Манчестер Јунајтед уште еднаш одигра натпревар под просекот и ремизираше на гостувањето кај Клуб Бриж во првиот натпревар од 1/16 финалето од Лигата на шампионите.
„Ѓаволите“ повторно беа неубедливи на теренот, а Солскјер причината за тоа ја посочи во лошите временски услови и топката која воопшто не му се допаднала дека била многу лесна.
– Беше тежок натпревар против добро организиран тим одигран во тешки временски услови. Не мислам дека беше натпревар кој некој сака да го гледа. Условите на теренот и топката си го направија своето. Ова е поинаква топка и потешко е да играш со неа. Може да земете една и да се обидете. Многу е лесна. Но, исто е за двата тима, секако. Сепак, условите не беа добри, ветрот и дождот многу не забавија, - изјави Солскјер.