Ван Перси го испофали играчот на Арсенал: Само големите играчи даваат такви пасови…

Дерби

21/02/2020

11:00

1.691

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Робин ван Перси беше стручен коментатор на вчерашниот натпревар на кој Арсенал гостуваше во Атина кај Олимпијакос.

Избраниците на Микел Артета стигнаа до тешка, но значајна победа против грчкиот тим (0:1) со гол постигнат во последните минути од средбата.

Лаказет го пронајде патот до мрежата откако Букајо Сака на одличен начин му асистираше ов 81. минута. Токму Сака кој досега има осум асистенции е играчот кој доби големи пофалби од страна на ван Перси.

– Рајан Гигс даваше вакви пасови, Денис Бергкамп и Пол Сколс исто. Ова е светска класа, навистина, нависитна добро. Пасот не е едноставен, Сака направи да изгледа лесен, но како што кажав, само големите играчи може да дадат вакви пасови, -изјави легендарниот поранешен холандски напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг