Актерот Орландо Блум (43) тетоважата му ја посветил на синот Флин и го истетовирал неговото име со буквите од Морзеова азбука, но дошло до грешка.
Наместо “Flynn“, на раката пишувало „Frynn“. Фановите ја забележале грешката и веднаш реагирале, а актерот ја уважил нивната замерка и ја исправил грешката.
Tattoo мајсторот рекол дека направената грешка ќе биде исправена, а веднаш по корекцијата актерот се пофалил на Инстаграм со тетоважа без грешка. Исто така, се пофалил и со нова на другата рака, која ја посветил на неговото куче кое загинало во 2016-та година после долга борба со болеста.
„За среќа знам да спелувам Сиди. Засекога мое момче“, напишал Блум.
Набрзо и неговиот tattoo мајстор се пошегувал дека животот сега е вратен во нормала.