Маж избоден со нож во џамија во Лондон, уапсен е осомничен

Макфакс

20/02/2020

21:23

966

Големина на фонт

а а а

Маж е уапсен по нападот со ладно оружје во џамија во центарот на Лондон во кој едно лице е повредено, соопшти лондонската полиција.

„Еден човек беше уапсен на лице место и осомничен за обид за убиство“, соопшти полицијата, додавајќи дека 70-годишен маж е повреден во инцидентот.

Нападнатиот маж е пронајден со повеќе повреди кога пристигнала брза помош и е однесен во болница од каде се наведува дека неговиот живот не е загрозен, јави Би-би-си.

Според очевидци, нападнат е мујезинот кој ја предводел молитвата.

Полицијата не верува дека станува збор за терористички напад.




Спонзорирани линкови

Маркетинг