Срушена неаполската Гомора: Тука полицијата не смеела да пријде! Скампија била престолнина на дрогата, насилството и мафијата

Точка

20/02/2020

21:24

8.095

Големина на фонт

а а а

Булдожери денес почнале да ја рушат станбената населба на периферијата на Неапол, позната по врските со локалната мафија.

Механички копачи ја урнале фасадата на една од бетонските кули во облик на џиновски едрилици, во квартот Скампија, кој бил центар на илегална трговија со дрога во Италија и ја инспирирал хит серијата од 2014-та година "Гомора", пренесува Reuters. 

Станбеното здание познато како "Јадро на Скампија" е градено во 60-тите и 70-тите години од минатиот век и станало синоним за сиромаштијата и насилството во неразвиениот југ на Италија.

Трите оригинални кули биле урнати пред речиси 20 години, додека четири останале недопрени.

Градските власти сега одлучиле да отстранат уште три блока и да остават само еден за потомство, кој ќе биде претворен во канцеларија за јавни служби.

На местото на урнатиот станбен комплекс планирано е да се изградат паркови, училишта и ниски згради.




Спонзорирани линкови

Маркетинг