Сонувате да добиете на лото? Овие броеви се докажано најсреќни, но има една “финта“

Точка

20/02/2020

19:26

5.556

Големина на фонт

а а а

Добивката на лото е чест сон на обичните смртници како решение на сите животни проблеми, а во целата приказна некои броеви навистина се чести.

Лоша вест е дека вашите шанси да освоите голем износ на лотарија се прилично мали. Всушност, поверојатно е дека ќе ве погоди молња или дека ќе ви падне нешто на глава додека шетате.

Од друга страна, добра вест е дека, барем според големата британска анализа, некои броеви се “посреќни“ од други, односно статистички почесто се извлекуваат во добитни.


Имено, како докажано најсреќен број истражувачите го издвоиле бројот 16. Подеднакво го набљудувале и бројот кој најмалку пати бил извлечен откако трае студијата и утврдиле дека по тој критериум, најнесреќен број е 18.

Најсреќни броеви
16, 22, 28, 37, 6, 3

Најнесреќни броеви
18, 46, 40, 41, 32, 36


Лотаријата сепак не значи среќа - истражувањата покажуваат дека освојувањето лотарија не значи дека долгорочно ќе се подобри квалитетот на животот. Според истражување на Форбс, дури една третина од добитниците на лотарија банкротирале, а многу повеќе од нив патат од депресија или се разведуваат.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг