Фабињо посочи три ѕвезди на Ливерпул кои се пример за останатите: Тие се неуморни!

Дерби

20/02/2020

14:56

2.349

Големина на фонт

а а а

Ливерпул е една од екипите која во денешниот фудбал е најопасна и полека ја заокружува својата доминација со оглед на тоа што е актуелен европски и светски клупски шампион, а е на добар пат по три децении да ја врати титулата во Англија.

Значаен дел од овој победнички состав на „црвените“ е дефинитивно Фабињо кој на едноставен начин се обиде да ја објасни задачата која ја има во Ливерпул.

- Сакам да организирам и давам добри додавања затоа што имам добра визија кога ќе ја примам топката во полето на противникот. Ако имам простор, исто така сакам да бидам важен и офанзивно, ама мојата прва задача мора да биде дефанзивна. Касемиро, Родри, Бускетс, имаме слична улога. Во Ливерпул, морам да внимавам на страните, да го затворам просторот по страните а исто така да помогнам во средина, - рече Бразилецот кој ги издвои Салах, Фирмино и Мане како најголеми работници, примери за сите останати во клубот.

- Хендерсон и Милнер знаат како да мотивираат. Тимот тоа лесно го прима затоа што е многу професионален. Ама за тимот, неверојатно е што трите ѕвезди Салах, Мане и Фирмино се неуморни. Тие секој ден се во теретана еден час порано од предвиденото. Тие секогаш сакаат повеќе, - вели Фабињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг