Седум лица се повредени во авионската несреќа во која авион од типот „Антонов Ан-2“ удри во земја по неуспешното полетување од градот Магадан на рускиот далечен исток.
На YouTube се појави првото видео од авионската несреќа на кое може да се види како авионот полетува, а потоа во еден момент губи брзина и започнува да паѓа.
„Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени“, изјави портпаролот на руското Министерство за вондредни ситуации, пренесува руски „ТАСС“.
Од 7-те повредени лица, сите поминале со полесни повреди освен еден патник кој бил во критична здравствена состојба.
Сите патници во авионот биле работници на една компанија. Руските власти веднаш отворија истрага за инцидентот, а се претпоставува дека станува збор за грешка на пилотите.