Меси: Роналдо е предатор, нормално е што…

Дерби

20/02/2020

14:54

3.929

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси и Кристијано Роналдо долги години се ривали на терените, но меѓу нив има голема почит и секогаш знаат еден со друг да си доделат комплименти за своите игри и се што досега имаа напревано низ овој временски период.

Двајцата и во актуелнава кампања се во одлична форма со тоа што кога се во прашање головите во овој период тогаш Роналдо е пред Аргентинецот. Португалецот на 11 средби во низа дава голови во Серија А или вкупно има 24 голови за своето име сезона, бројки кои за Меси воопшто не се изненадување.

- Нормално е што што продолжува да дава голови, тој е предаторски напаѓач, сака да дава голови, кога и да игра ќе дава погодоци. Има многу добри особини како напаѓач и најмалите шанси ги реализира, - истакна Лео за „Мундо Депортиво“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг