Режисерот Стивен Спилберг ја поддржал желбата на ќерката Микаела да се оствари како актерка во филмови за возрасни.
Микаела Спилберг која е инаку посвоена ќерка на Стивен, неодамна објавила дека планира да започне кариера во индустријата за возрасни, а како што објаснила, оваа професија “ѝ влева сила и самодоверба”.
Во едно интервју, Микаела изјавила дека нејзиниот татко и мајка ѝ Кејт Чапшоу ја поддржуваат во нејзиниот избор.
“Не гледам ништо лошо, ниту причина за срам затоа што постои фасцинација за порно индустријата. Безбедноста секогаш ми била на прво место и не го правам ова за да повредам некого, туку за да го славам моето тело и мојот живот”, изјавила Спилберг.
Таа веќе некое време објавува самостојни видеа, но повеќето снимки биле набрзо отстранети од интернет.
Микаела објаснила дека ова е повик кој ќе ја направи посилна, по долгогодишната борба со алкохолизмот и анорексијата.