Познатата македонска пејачка го запознала сопругот на натпревар: По 4 дена започнале да живеат заедно, но следеле проблеми...

Кармин

20/02/2020

14:19

8.242

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на пејачката Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан е необична по многу работи.

Тие се запознале на место на кое никогаш не очекувале дека ќе се сретнат, а во претходните 19 години колку што се во брак, поминале и низ еден многу бурен период. 

Тијана и Милан се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по 4 дена забавување започнале да живеат заедно. На 28-ми април 2001 година, парот се венчал.

Меѓутоа, неколку години подоцна нивниот брак го “затресе” скандал. Тогаш Милан Дапчевиќ бил фатен во непријатна ситуација со една келнерка, а како што пренесуваа медиумите, Тијана му го простила тоа и повеќе никогаш не зборувала за истото.

Но, во 2015 година повторно се појави вест за нивната брачна криза – беше објавено дека Тијана наводно се разведува. Како што беше наведено тогаш, пејачката неколку дена била разделена од Милан за да си ги среди мислите, но сепак на крајот сфатила дека не може да живее без сопругот.

Дапчевиќ во една прилика изјавила дека нејзиниот брак не е идеален, но дека опстанува благодарение на љубовта која Милан и таа ја чувствуваат еден кон друг. Од бракот го имаат синот Вук, а Тијана минатата година, кога на Милан јавно му ја честиташе 18-годишнината од брак, открила уште еден интересен детаљ за нивната љубов.

“Мојата мајка (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам. Две училишта, една академија и неколку “љубови” подоцна го запознав Милан на место на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам. Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Оттогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека нѝ е среќна годишнината, љубов моја”, напиша Тијана минатата година на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk