Инцидент во Сирија: Погледнете како Американците истуркаа руско оклопно возило од патот!

Точка

20/02/2020

12:57

6.430

Големина на фонт

а а а

Руските медиуми објавија видео на кое е забележан инцидент помеѓу американската и руската војска во Сирија.

На снимката може да се види како едно возило од каде што се снима, ја претекнува колоната на оклопни возила и во моментите кога се приближува до американско оклопно возило, може да се види како возило на руската армија претекнува од десно.

Во моментите кога руското возило се обидува да го претекне американското од десна страна, реагира возачот на американското оклопно возило и буквално го турка руското возило од патот.

Од Централната команда на САД одбија да го коментираат инцидентот.

„Можам да кажам дека ја продолжуваме тесната соработка со рускатавојска кога станува збор за спречување на судирите. Тоа во основа е ефикасно за деескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Централната конанда, Вилијам Урбан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг