Коронавирусот ѝ се заканува и на Формула 1: Под знак прашалник одржувањето на саемот на автомобили во Пекинг

Супермен

20/02/2020

10:04

1.395

Големина на фонт

а а а

Поради коронавирусот, под знак прашалник е одржувањето на саемот на автомобили во Пекинг од 21-ви до 30-ти април. Најверојатно ќе биде откажана и Формула 1 трката за Големата награда на Кина која треба да се одржи во април.

Колку ваквата епидемија ќе ја чини автомобилската индустрија? Продажбата на автомобили во малопродажната мрежа во Кина опаднала за 22 отсто, на 1,71 милиони возила, што е најголемиот пад некогаш забележан во јануари, пишува “RTS”. 

Кинеската Асоцијација на произведувачи на патнички автомобили (CPCA) има уште поцрни предвидувања за февруари и пад за повеќе од 30 отсто.


Епидемијата ги влошува и онака големите неволји на произведувачите и трговците на најголемиот светски пазар кој освен тоа беше погоден и од забавување на економијата и трговските тензии.

“За време на епидемијата од САРС, Кина изгуби милијарда долари за само еден месец, но не знаеме колку на крајот ќе ја чини оваа епидемија. Она што е очигледно е што никој сега не размислува за купување на возило”, вели автомобилскиот аналитичар Мајкл Столер.

Саемот во Пекинг ги чини изложувачите стотина милиони евра, а секоја година истиот е посетуван од страна на 800.000 љубители на автомобили.


“Најверноатно во април нема да се одржи саемот на автомобили во Пекинг. Во наредните неколку недели ќе имаме повеќе информации за новиот термин, но сè зависи од вирусот”, истакнува организаторот на саеми на истокот, Оливер Риблер.

Годишната продажба на возила во Кина во 2020 година би можела да опадне за 5 отсто, под услов епидемијата на вирусот да почне да бледнее во април, наведуваат од “CPCA”, но ако продолжи и после тоа, загубите ќе бидат толку големи што многумина ќе мора да банкротираат или да го паузираат развојот на нови модели.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk