Веќе првиот тон нè враќа во детството: Песната од “The Jungle Book” и денес прави да заборавиме на грижите

Точка

20/02/2020

09:28

2.294

Големина на фонт

а а а

Во февруари 1968 година, во потесниот избор на доделувањето на Оскарите се најде и “The Bare Necessities”, познатата нумера од цртаниот филм на Дизни – “The Jungle Book”.

“The Bare Necessities” се натпреваруваше за награда за најдобра оригинална песна, но изгуби од “Talk to the Animals” од филмот “Doctor Dolittle”. 

“The Bare Necessities” ја пејат Фил Харис (мечката Балу) и Брус Рејтермен (детето Могли). Со шеговит тон, Балу и Могли пејат за тоа како треба да се заборави на грижите и само да се ужива во животот.

“The Jungle Book” е аниминирано остварување, базирано на истоимената збирка приказни на нобеловецот Радјард Киплинг од 1894 година.


Ова е поледниот цртан филм кој го продуцирал Волт Дизни, кој починал во текот на креирањето. Приказната го следи Могли, момче кое го одгледале волкови во џунгла во Индија. Пријателот на Могли, пантерот Багира, се обидува да го убеди да ја напушти џунглата и се пресели помеѓу луѓе за да ја избегне опасноста која му се заканува поради тигарот Шир-Кан.

Лут поради ова, Могли ја сретнува мечката Балу и во тој момент настанува “The Bare Necessities”, омилена помеѓу бројни генерации во светот.

Играните филмски римејкови на “The Jungle Book” беа премиерно прикажани во 1994 и 2016 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг