„Телеком“ презеле безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

Макфакс

19/02/2020

14:37

833

Големина на фонт

а а а

Македонски Телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај.

„За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации“, велат од операторот. 

Оттука апелираат корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг