Макрон им ја спушта рампата на странските имами: Додека кај нас првиот човек на ИВЗ повикува на убиства, Франција постапува вака...

Точка

19/02/2020

14:35

2.831

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека ќе ја ограничи праксата странски земји да испраќаат имами во Франција за да го сопре „сепаратизмот и исламистичките идеи“.

Додека во Македонија, лидерот на Исламската заедница, Сулејман Реџепи отворено повикува на ликвидации и воведување на Шеријат, ја поддржува Саудиска Арабија во ликвидацијата на новинарот Кашоги и вели дека Македонците се див народ, Емануел Макрон покажа како една држава може да се справи со такви проблеми.

Во овој случај во Франција, станува збор за имамите кои доаѓаат од странство (Сулејмани е македонски државјанин што е уште полошо), па се поставува прашањето колку македонските власти имаат контрола и дали знаат што и кој ги води молитвите во нашите џамии. Всушност, одговорот за тоа колку се води контрола можеме да го добиеме во фактот дека Обвинителството спие и досега нема реагирано на говорот на омраза на Сулејмани.

Голем скандал во џамија во Опае: Сулејман Реџепи шири верски екстремизам - повикува на ликвидации и Шеријат!


Да се навратиме на Франција. Макрон порача дека постепено ќе го ограничи системот според кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција да проповедаат во џамиите. Тој откри дека веќе постигнал договор со тие земји, освен со Турција.

„Нема да дозволам ниту една земја да не храни со сепаратизам“, порача Макрон на конференцијата за новинарите во Мулхаус на истокот на земјата.

Тој истакна дека ова е исклучително важно за ограничување на странското влијание и да се обезбеди секој да ги почитува законите во Франција.

Макрон откри дека годишно во Франција пристигнуваат 300 имами и таа пракса ќе се промени. Францускиот претседател порача дека неговата влада побарала од институциите кои го претставуваат Исламот во Франција да пронајдат можност имамите да е обучуваат на француска територија, да зборуваат француски и да не шират исламистички идеи.


Францускиот претседател кој е на удар на критики на неговите политички опоненти во врска со интеграцијата на француските муслимани, најави дека ќе ја укине и праксата на француските ученици да им предаваат наставници кои ги плаќаат странските влади.

Макрон досега воопшто не се занимаваше со прашања поврзани со муслиманската заедница во Франција која е најголема во Европа, туку се занимаваше претежно со економски прашања.

Франција во изминатите неколку години беше на мета на напади на радикални исламисти кои во најголем дел беа француски државјани. Во координирани напади во Париз загинаа 130 луѓе и тоа беше најсмртоносниот напад во Франција од Втората светска војна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг