Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор

Макфакс

19/02/2020

14:22

767

Големина на фонт

а а а

Поранешниот јужнокорејски претседател, Ли Мјун-бак, е осуден на 17 години затвор поради корупција.

Во 2018 година тој беше осуден на 15-годишна затворска казна, но условно беше пуштен на слобода во март минатата година поради лоша здравствена состојба. По поднесената жалба, Врховниот суд му ја зголеми казната на 17 години затвор. 

Судот во Сеул соопшти дека Ли не се покајал поради злоупотребата на службената должност, туку ги обвинил оние со кои работел.

Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг