“Го плаќаме нивното проклето образование, ајде да го искористиме тоа”

Супермен

19/02/2020

11:10

5.111

Големина на фонт

а а а

Познатиот холивудски актер Расел Кроу одлучил да испрати видео порака до светот за подигнување на свеста за користењето на фосилните горива, односно за тоа колку лошо влијаат на нашата планета.

“Постои само еден начин како да се избориме со климатските промени, а тоа е да се откажеме од фосилните горива и целата земја и економијата да се базираат на обновливи извори на енергија”, рекол Кроу во својата видео порака. 

“Ако не ги отфрлиме фосилните горива, тогаш екстремните промени во климата ќе продолжат да се случуваат. Мораме да се фокусираме на големите одлуки, на сржта на проблемот”, додал тој.

“Сето ова можат да го потврдат големите научни умови, само прашајте ги. Веќе плаќаме данок за нивното проклето образование, ајде барем да го искористиме тоа. Време е да се тргне во акција”, заклучил Кроу.

Расел Кроу е познат по филмовите и наградите како што се Оскар за “Gladiator”, Златен глобус и БАФТА за “A Beautiful Mind”, “Robin Hood”, “3:10 to Yuma” и многу други.


Тој е роден на Нов Зеланд, па затоа не зачудува фактот што почувствувал потреба да каже нешто по повод климатските промени за кое веројатно бил поттикнат од пожарите во Австралија кои зафатија и дел од неговиот имот во Нов Јужен Велс.

Оваа видео порака била емитувана во текот на концертот “Fire Fight Australia” кој бил одржан во Сиднеј.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk