Нивната лоша способност за комуникација, опседнатоста со себеси и тврдоглавиот став ги доведува луѓето околу нив до лудило.
Ако некогаш сте се запрашале дали ѕвездите “замешале прсти” во тоа подрачје, одговорот е потврден. Како што пишува “Your Tango”, личностите родени во овие 4 хороскопски знаци ги излудуваат сите околу себе.
Близнаците често знаат да ги осудуваат другите или да истакнуваат дека нивното мислење е поважно од туѓото. Тие се познати по фактот дека мразат многу работи и тоа обожуваат да го истакнуваат. Неретко знаат да бидат и безобразни, нагли и не се грижат за туѓите чувства.
Девиците се опседнати со редот кој тие го поставуваат и сакаат да го наметнуваат истиот и на другите. Токму како и Близнаците, Девиците се први во редот кога треба некој да се осудува. Многу се тврдоглави и нема да ја признаат сопствената грешка дури и кога таа е прилично очигледна.
Шкорпиите ќе ве излудат со нивната желба за контролирање. Тие се исклучително љубоморни и постојано мислат дека некој им крои нешто зад грб. Ако се сомневаат дека пријателот ги озборува или партнерот ги изневерува, Шкорпиите ќе му поставуваат замки сè додека не падне во нив и не сфати колку тие се навистина опседнати со контролирање.
Личностите родени во знакот на Вага никогаш не сакаат да преземат одговорност. Тие ќе ви напакостат, ќе ве повредат, ќе си поиграат со вашите емоции и само ладно ќе ви го свртат грбот и ќе си заминат. Иако на прва не изгледа така, Вагите се склони кон искористување на другите, но тоа секако никогаш нема да го признаат.