Момчето кое е директно поврзано со ликвидацијата на водачот на навивачката група Партизан лоцирано во Грција...

Точка

18/02/2020

14:27

5.730

Големина на фонт

а а а

Невообичаена постапка за лице за кое е распишана потерница. Младото момче кое српската полиција го доведе во врска со ликвидацијата на еден од водачите на Партизан - Љубомир Марковиќ Кича (39), на 1-ви ноември минатата година лоцирано било во главниот град на Грција.

„Осомничениот е поврзан со директно убиство и по него издадена е потерница. Него неодамна грчката полиција го уапси, но набрзо беше пуштен затоа што наводно за него немало докази. Ова е крајно невообичаена постапка за лице по кое е распишана потерница, особено за најтешко кривично дело, да биде пуштен на слобода“ - вели извор од истрагата.

Од неофицијални извори, момчето е син на познат бизнисмен, но веќе некое време е во круг на проблематично друштво и станал близок со еден човек од најсилната навивачка група.


„Мотивот за убиството на Марковиќ на директиниот извршител не е негова материјална корист. Тој прифатил да ја “заврши оваа сурова работа“ за да се докаже на навивачкото милје и да се искачи на повисоко место во нивната хиерархија. Нападнатиот Марковиќ и осомничениот се знаеле лично од стадионите па Кича го препознал. Знаел што сакаат да му направат и кој би можел да стои позади тој злочин затоа и почнал да бега и не се обидел да се одбрани и да пука со пиштол иако и тој бил вооружен“ - тврди изворот.

Извршителот по убиството се “засолнил“ во Грција каде што престојува веќе подолго време.

„Напаѓачот бил добро запознат и со движењето на жртвата, но имал и други важни информации, кој ќе биде со Кича во моментот на нападот и каде треба да бега. Веројатно имал и логистичка поддршка за брзо да се оддалечи од местото на злосторот“ - вели соговорникот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг