Први фотографии: Ова е новиот KIA Sorento

Точка

17/02/2020

16:37

2.385

Големина на фонт

а а а

Корејскиот производител ги објави првите официјални фотографии од новата генерација на џипот Sorento во пресрет на премиерата закажана за Саемот за автомобили во Женева.

Фотографиите го откриваат значително изменетиот дизајн на надворешноста во однос на претходникот, но исто така има и големи промени во внатрешноста на автомобилот.

На предниот дел доминира новата маска на ладилникот и отворите за воздух на браникот. Како и на предниот дел, така и на задниот посебно се истакнуваат светлата, а на задната страна доминира спојлерот, хромираните детали на долниот дел од браникот и широко испишаниот назив на моделот.


KIA открива дека новиот Sorento има подолго меѓуосовинско растојание во однос на актуелната генерација, што значи дека ќе има поголем комфор за патниците на задната клупа.

Кога станува збор за внатрешноста, таа е опремена со премиум материјали, барем кога станува збор за моделот прикажан на фотографиите. На врвот на централната конзола доминира 10-инчниот екран на мултимедијалниот систем, додека на местото на класичните аналогни инструменти е вградена дигитална табла.


Од KIA засега не открија спецификации на погонските единици, но познато е дека моторизацијата ќе опфати и хибридна опција слична како кај моделот KIA Optima Hybrid за 2020-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг