“Му заби нож во грб“: Борис Бекер даде загрижувачка изјава за Новак

Супермен

17/02/2020

15:13

6.468

Големина на фонт

а а а

Освојувачот на шест Грен слемови, Борис Бекер за азиските медиуми дал чудна изјава поврзана со српскиот тенисер.

Германецот претходно зборувал дека додека го тренирал Новак, дека тој му се жалел дека нема голем број фанови кои го поддржуваат како што имаат Роџер и Рафа.

„Јас всушност мислам дека Новак има милион фанови ширум светот, не би се согласил дека само Рафа и Роџер имаат навивачи, но разговараме за двајца најуспешни тенисери во историјата, а Новак полека им се приближува во таа категорија“ - рекол Борис Бекер за „АНИ“.

Оваа негова изјава ги запалила социјалните мрежи, а многубројни фанови на Новак биле шокирани од оваа изјава на Германецот кој го тренираше српскиот тенисер три години.


Борис Бекер потоа продолжил:

„Работите така стојат, еден освои 20 Гренд слемови (Федерер), друг има 19 (Надал), Ѓоковиќ полека се движи кон тоа. Секој е малку поразличен, тоа не е убавината на натпреварувањата само сакаш да триумфираш на крајот“ - вели Бекер.

„Очигледно ги имаме нив тројца на врвот кои освоија големи трофеи. Тоа се случува со години, од една страна сакате некој млад да го освои турнирот, но листата на ТОП 3-ца секогаш е најдобрата“ - заклучил Бекер. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk