Синоќа беше одржана втората вечер од НБА Ол- Стар викендот кој оваа година се одржува во Чикаго.
На програмата меѓу другите егзибициони натпреварувања беше и натпреварувањето во забивање.
Наградата за најдобро забивање замина во рацете на Дерик Џоунс Јуниор (Мајами) кој во финалната рунда го победи Арон Гордон (Орландо). И двајцата имаа одлични забивања, меѓутоа многумина сметаат дека Гордон требало да ја однесе победата.
По изборот, со коментар се јави и кошаркарот на Орландо Меџик кој луто посочи дека повеќе нема да се пријавува за настап на забивањата на Ол- Стар викендите.
– Прескокнав човек од 227 сантиметри и што добивам? 47 поени? Ма дајте, што правите? Чувствувам дека требаше да имам два трофеи. Мислам дека повеќе нема да учествувам во ова натпреварување, -порача нервозниот Гордон.