Сопругата на Брајант ја расплака јавноста: Нејзината објава допира и до најтврдите срца

Кармин

16/02/2020

11:06

5.433

Големина на фонт

а а а

Сопругата на покојниот Коби Брајант ја расплака јавноста по пат на социјалната мрежа Инстаграм – објави фотографија и песна која на луѓето им ги разбуди емоциите.

Ванеса Брајант, сопругата на легендата Коби Брајант Денот на вљубените го поминала заедно со своите ќерки, но без Коби и Џиџи.

„Ти си моја љубов, засекогаш. Толку многу те сакам. Толку многу ми недостасуваш на овој твој омилен празник. Засекогаш ќе те сакам. Ви праќам бакнежи тебе и на Џиџи во рајот. Среќен Ден на вљубените, мое бебе. Засекогаш твоја“ – напишала Ванеса.

Оваа седмица беше објавено дека Коби и неговата ќерка беа погребани претходниот петок во близина на нивниот дом во Лос Анџелес.

Во јавноста излезе и посмртница во која е напишано дека кошаркарот и неговата ќерка починале на лице место поради тешки повреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk