Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, Александра Амбросио (38), можеби предизвика и најголемо внимание на Инстаграм на Денот на вљубените, бидејќи објави фотографија поради која сè друго падна во втор план.
Станува збор за фотографија на која Александра е со своето момче Никол Оди, но тоа не е обична љубовна фотографија, туку вистинска бомба. Имено, тие двајца се голи под туш, а згодната манекенка градите ги сокрила со црвено срце.
Додека тие уживаат во страствената и мокра прегратка и разменуваат нежности, многумина се запрашале кој ги фотографирал...
„Среќен Ден на вљубените“, напишала Александра, инаку пензионирана манекенка која и понатаму мами воздишки кај посилниот пол, а фотографијата досега има речиси половина милион лајкови.